Видео: Наполнете ја батеријата на телефонот со помош на шоља кафе

Додека живееме во времето на технологијата и паметните телефони, најголемиот проблем за нас претставува краткотрајноста на батериите, но се чини дека една 18 годишна девојка го пронајде најиновативниот начин за брзо полнење на мобилните телефони.

Имено, Ен Макосински создала шолја за кафе со која го полни мобилниот телефон користејќи ја топлината од пијалокот. Ова е нејзиниот втор пронајдок – пред 3 години таа направила ламба која свети кога доаѓа во контакт со човечкото тело, односно ја користи температурата на телото како извор на енергија.

Ен вели: „Кога ќе направите кафе, кафето секогаш е премногу жешко, па затоа оваа температура треба да се искористи за да се наполни батеријата на мобилниот телефон“.

За нејзиниот пронајдок компанијата „Shell“ ја награди со 50.000 долари бидејќи со нејзиниот пронајдок влијае врз електричната мрежа и патентира алтернативен извор на енергија.