ВИДЕО: Ликвидиран џихадист кој сакаше да нападне со камион бомба

Група од курдските специјални воени сили, пешмерги, се соочија на отворен простор со борци на ИСИЛ. Во еден миг почна кон нив забрзано да се движи камион полн со експлозиви.

Веднаш почнаа да гаѓаат по камионот. За нивна среќа, после неколку промашувања, успеаја да го погодат камионот. Штом го погодија, тој се претвори во гигантска огнена топка. Доколку го промашеа, тој за кратко време ќе им се доближеше, што ќе значеше сигурна смрт за нив.