ВИДЕО: Ја преместија црквата света Петка без никакво оштетување

Во Македонија се случи инженерски зафат достоен за почит. На 25-ти декември беше изведена дислокација на црквата света Петка лоцирана во селото Арбиново, јавува регионалната телевизија О2.Зафатот беше изведен од страна на Илинден АД Струга на автопатот Кичево – Охрид, со цел зачувување на целовитоста и уникатноста на црквата во непречено извршување на градежните активности на автопатот.

Огромно и непроценливо е задоволството на сите луѓе од овој предел, поради зачувувањето на овој верски храм и затоа овој подвиг ќе остане запаметен.

Настанот беше изведен според планираното со помош на искусниот инженерски тим и обучениот квалификуван кадар.