ФОТО: Хуман гест на девојче од Скопје, кој ќе ви ги стопли срцата!

Хумана приказна која ќе ви го стопли срцето, а во исто време и ќе ви ги наполни очите со солзи. Секоја чест за Кристина Петровска, која му подарила чевли на момче кое е бездомник.

humano devojce1

Приказната e превземена од нејзиниот Фејсбук профил.

Деновиве во новчаник ми се најдоа некои си 1000 денари. Да ги потрошам на најблиските за празниците беа премалку, а за себе ми се чинеа премногу. Па одлучив да ги споделам со оние кои најмногу имаат потреба од нив. Се сетив на Цветан, пред некој месец си помуабетивме, ми раскажа дека има само 26 години, не работи никаде, живее на меѓуградската автобуска станица во Скопје, околу речиси 10 години. Кога зборуваме за бездомници, нему најчесто му ставаме префикс, “момчето што шета бос” и лете и зиме. Сигурно и повеќето од Вас така го препознаваат. Не можев, а да не направам нешто во врска со тоа, колку што можам барем основните потреби да ги задоволам. А и сфатив дека можеби оваа приказна повеќе ќе му одговара “момчето со нови чевли, пар чорапи, капа и ракавици и чоколадо за да ја почувствува новогодишната еуфорија..”

humano devojce2

Работев на случајот речиси 3 дена, не можев да го најдам на местото каде што е вообичаено. Ангажирав неколку луѓе, благодарам! Денеска конечно го најдов, беше со мајка му, беа благодарни, немаа зборови кои што ја опишуваа благодарноста, но ја видов во нивниот поглед. Се почувствував преубаво, исполнето, всушност никогаш подобро. Не ми беше потребно ништо повеќе, освен добра волја и некој денар, кој секако ќе го потрошев на кафиња.

Ако не за време, се надевам дека после празниците, и Вие ќе почнете барем слично да размислувате.