Што се крие зад мистериозните вонземски јајца

Објавено: недела, 27 декември 2015 во 10:54
Spread the love

Што прво би помислиле доколку во својот двор забележите нешто што наликува на вонземско јајце? Еден корисник на Twitter неодамна предизвика големо внимание со своите фотографии на она што наликува на суштество од друга планета.

Има пипала, се изведува и совршено би се вклопила во сценариото на научно фантастичен филм. Станува збор за специфичен тип на габа позната уште под терминот ѓаволски прсти.
Габата најпрвин се наоѓа во желатинска состојба, по што се отвора и од нејзината внатрешност излегува телото заедно со 8 пипала. Целиот процес на трансформација е пропратен со силен и непријатен мирис.

Ѓаволските прсти може да се најдат во Австралија и Нов Зеланд, но и во поладни средини како Велика Британија.

Извор:ididvidi.com