30.000 навивачи на стадион го прославија Божик пеејќи божикни песни (ВИДЕО)

Дури 30.000 навивачи на германскиот фудбалски клуб „Унион Берлин“, 13-та година по ред се собрале на стадионот Ан дер Алтен Форстереи за да пејат божикни песни со свеќи во рака и варено вино.

demolirane

Навивачите пееле 90 минути колку што трае фудбалски натпревар, со 15-минутна пауза на полувремето. Освен божикни, тие пееле и навивачки песни. Оваа идеја се родила пред 13 години кога се собрале 89 навивачи. Во годините кои следеле „Божик на стадионот“ прераснал во традиција и во голем спектакл.

– На стадионот дојдоа семејства со децата и сите имаа барем некакво обележје на клубот. Ова е убава традиција по која станавме познати во светот – изјавил еденод учесниците Петер Мулер.

„Божикното шоу“ на навивачите на „Унион Берлин“ оваа година ги копирале навивачите на уште неколку клубови. На стадионот на германскиот клуб „Келн Реин Енерџи“ во првото издание се собрале повеќе од 30.000 луѓе , а на стадионот на „Алеман Ахен“ околу 20.000 навивачи.