Знаци на предупредување за срцев удар

Објавено: петок, 25 декември 2015 во 15:43
Spread the love

Нова студија спроведена во болницата „Седар Синаи“ во Лос Анџелес укажува на присуство на знаци на предупредување во текот на 30 дена пред да настапи срцев удар.

srce

Овие симптоми се јавуваат кај речиси половина лица кои подоцна ќе доживеат срцев удар, а вклучуваат и болки и притисок во градите, останување без здив, палпитација, мачнина и болки во половината и стомакот.

Овие симптоми се јавуваат и нешто подоцна, обично околу 24 часа пред срцевиот удар.

На летна студентска работа во Америка, преку „Коузон корпорација“ изминативе години заминале дури 15.000 студенти.

Помалку од петина пациенти кои доживеале вакви симптоми побарале помош на лекарите пред срцевиот удар, додава стручното списание „Annals of Internal Medicine“.

Во новото истражување се користени податоци собрани од 840 пациенти на возраст од 35 до 65 години.