Над 20 милиони христијани во Индонезија го минуваат Божиќ во неспокојна атмосфера

Над 20 милиони припадници на христијанската вера во Индонезија, од кои 70 отсто се протестанти, а 30 проценти католици, божќните празници годинава ги минуваат во мир, но во неспокојна атмосфера, предизвикана од заканите на радикалните исламисти кои најавија бомбашки напади во црквите.

indonezija

Поради страв од екстремистички напади, во Индонезија пред Божик, па се до Нова година, покрај редовните полициски патроли и армиски специјалци, за безбедноста се грижат и 150.000 полицајци ангажирани од резервниот состав.

Претседателот на Индонезија Јоко Видодо на својот Твитер им го честиташе Божик на своите сограѓани, нагласувајќи дека се надева оти Божик  ќе им донесе радост и мир на сите 256 милиони жители на оваа доминантно муслиманска нација.

Побрзајте и навреме набавете билети по промотивна цена од само 350 денари за најголемата предновогодишна журка во Скопје.

Најкритично минатата ноќ и денеска е во Богор, двемилионското предградие на Џакарта, каде што радикалните муслимани со години прават инциденти за време на божиќните празници.

На бројните припадници на војската и полицијата за одржување на мирот и редот синоќа им помагале и неколку стотини, претежно млади, членови на муслиманското движење Нахдлатул Улама, најмасовна муслиманска организација во државата.

Индонезија, се до појавата на радикалниот ислам на почетокот на овој век важеше за светски пример за меѓуверска толеранција. Со големи парични средства што доаѓаа од државите на Блискиот Исток, но и од Малезија, конзервативните исламски кругови ја сменија сликата за меѓуверската толеранција. Состојбите на овој план се влошуваат особено по враќањето на најмалку 500 Индонезијци, кои учествувале на боиштата во Ирак и Сирија.

Во последните три дена пред Божик, полицијата во Индонезија уапси седуммина заговорници на радикалниот исламизам, кај кој биле пронајдени експлозиви и планови за бомбашкки напади на местата каде што ќе прославуваат христијаните.