Фото: Адриана Лима слави Божиќ со семејството!

Ако се суди по статусите на социјалните мрежи, Адриана Лима со денови сериозно се подготвувала за празниците.

лима

Редовно ги известувала обожавателите како напредува китењето на елката кој и помага во тоа, но и какви костими одбрале нејзините ќерки за овие празнични денови.

Бадник го дочекала во кругот на семејството во својата вила во Мајами. Тука биле и нејзините ќерки Валентина и Сиена, но и блиски роднини на убавата манекенка, кои стигнале од Бразил. Девојчињата кои имале исти фустани, се радувале на бројните подароци, иако малата Сиена не била расположена за фотографирање, па мама мораа да ја смирува. А ако би се избирала најубава елка од домовите на познатите личности, нема сомнение дека оваа на Адриана ќе се најде на врвот.