Трамп најпопуларен меѓу Републиканците

Американскиот милијардер Доналд Трамп, претендент за републиканската претседателска кандидатура за изборите во 2016, во најновите анкети ги остави значително зад себе своите ривали.

трамп

Според анкетата која ја спроведоа Си-Ен-Ен и О-Ер-Си, меѓу гласачите Трамп од Републиканците води со 39 отсто поддршка, додека сенаторот Тед Круз е на второ место со 18 отсто.

Трамп во однос на анкетите од ноември доби два проценти поддршка, што покажува дека неговите контроверзни изјави не нанеле штета.

Од останатите републикански кандидати, сенаторот Марко Рубио и поранешниот неврохирург Бен Карсон имаат десет отсто поддршка од гласачите, додека на петто место е гувернерот Њу Џерси Крис Кристи со пет проценти.