Не мачете се во теретана и напијте се чаша вино

Научниците од Универзитетот во Алберта, Канада, докажале дека црвеното вино има влијание врз мускулите, коските и срцето, исто како и одењето во теретана…

vino
Во виното има ресвератрол, состојката што има ефект како еден час вежбање во теретана. Чаша црно вино дневно превенира добивање на рак и деменција, го штити срцето, го забавува процесот на стареење и го регулира нивото на шеќер во крвта.Ако сакате да го зголемите количеството на ресвератрол, наместо вино можете да конзумирате масло од кикирики, црно чоколадо, боровница или црно грозје.