ФОТО: Пратеничка на протест со потпетици од 1.800 евра

Актуелната пратеничка од албанската опозициска Демократска партија и екс министерка за евоинтеграции, Мајлинда Брегу, на антивладниот протест во Тирана е видена со потпетици вредни 1.800 евра.

pratenicka potpetici

– Тоа не беа обични потпетици. Го носеа знакот на фирмата „Заноти“ а беа украсени со камчиња на Сваровски. Цената на вакви потпетици е 1.800 евра, јавува порталот Лапси, пренесува дописникот на МИА од Тирана.

majlinda bregu

Луксузните трошоци на Брегу често се тема во медиумите. Еден од многуте примери е и нејзиниот автомобил „јагуар“ за кого изјавила дека чини 60 илјади евра.

Таа протестираше против актуелната влада поради „големата сиромаштија во која ги втурнала граѓаните“.