ВИДЕО: За влакно избегнал смрт

Способни за уништување тенк, проектилите ТОВ може да предизвикаат сериозна штета. Се смета дека човекот во белиот пикап-камион е борец на Хезболах, поради жолтото знаме што може да се види во близина на автомобилот, додека инцидентот веројатно се случил во Сирија, но не е јасно кога.

vozac

Тој можел да види дека ракетата се движи во негов правец и мора да знаел дека треба да дејствува брзо.

Човекот секако бил во дилема – ако прерано се обидел да се помести, наведуваниот проектил само ќе го сменел правецот. Поради тоа, тој чекал до последен момент, пред да одвози неколку метри нанапред, и проектилот удира во околниот објект.