ВИДЕО: Овој тест може некому да му го спаси животот!

Пред да добиете мозочен удар немате предупредување.Но, понекогаш се јавуваат одредени пореметувања пред тој да се случи како отежнување на говорот, моториката на една рака или нога, пореметување на видот на едното око.

Ако постои сомневање дека може да се рабаботи за мозочен удар, треба да повикате Брза помош, за да го упатат на соодветно лечење.

Тест во 3 фази кој го спасува животот:

1. Лице – Погледнете дали лицето му е симетрично. Ако едната страна му виси, натерајте го да се  насмевне – ако неможе да ги подигне усните, нешто не е во ред.

2. Раце – Нека се обиде да ги крене рацете. Ако едната рака е послаба и паѓа, тоа дефинитивно е знак за паника.

3. Говор – Ако има потешкотии во говорот, повторува зборови или фрази. Обидете се да ја потори реченицата и вашете внимание насочете го кон изговорот.