Зајакнете го имунитетот, спречете ги настинките

Објавено: понеделник, 21 декември 2015 во 11:27
Spread the love

Обезбедете му на телото доволно пробиотици, бидејќи здравите бактерии во огранизмот и системот за варење можат да ве заштитат од настинки.

настинки

Редовното миење на рацетеи избегнувањето на оние кои имаат грип, како и честото проветрување на просториите во кои престојувате, не се доволни за да му објавите војна на грипот. Затоа во четири чекори зајакнете го имунолошкиот систем:

-Обезбедете му на телото доволно пробиотици, бидејќи здравите бактерии во огранизмот и системот за варење можат да ве заштитат од настинки. Всушност, една студија спроведена во САД потврди дека личностите кои внесуваат доволно пробиотици имаат 30 одсто помали шанси да за болат од некои респираторни инфекции.

-Пијте по една чаша црвено вино за ручек, како превентива. Тој е богат со антиоксиданти кои ги уништуваат слободните радикали и така ја продолжуваат отпорноста на имуниот систем. Кивавицата во почетна фаза ќе ја спречи чаша вино, но ако се влоши состојбата избегнувајте алкохол, за да не се влоши состојбата.

-Редовната физичка активност како лесни вежби или брзи прошетки може значително да ја подобри отпорноста на телото против вирусите. Престојувањето на свеж воздух и намаленото ниво на стрес се дополнителни бенефиции кои ќе ви помогнат да се чувствувате подобро.

-Докажано е дека внесот на цинк кај возрасните личности може да спречи настинки и да го намали бројот на денови поминати во кревет. Овој минерал е вистинска одбрана за организмот, бидејќи спречува да се размножуваат бактериите, како и нивото пренесување.