ВИДЕО: Џихадистите во Рамади држат цивили како жив штитит, ирачката офанзива ќе почне за неколку часа

Припадниците на Исламска држава ги спречуваат цивилите да го напуштат Рамади, а ирачката армија планира напад за повторно воспоставување на контрола над градот, изјави денеска портпаролот на ирачкото Министерство за одбрана Насер Нури.

ramadi

Тој тврди дека има семејства кои успеале да побегнат од Рамади, кои тврдат дека ИД не дозволува заминување од градот и планира цивилното население да го искористи како жив штит.

Авиони на ирачката армија вчера фрлија летоци на кои пишува дека граѓаните имаа 72 часа да го напуштат градот и содржат мапа за безбедни рути за излез.

Според податоци на ирачките разузнавачки служби во центарот на Рамади, престолнина на провинцијата Анбар се наоѓаат од 250 до 300 џихадисти. ИД го зазеде Рамади во мај.