Трогателно: Малата Кајри ги запозна родителите од девојчето кое и го спаси животот

Кајри Бекем е осум годишно девојче на кое неодамна му се донирани 4 органи. Таа пред неколку дена ги запозна родителите на Аријана Моралес (5), девојчето кое и ги донираше органите откако почина од ненадејна болест во ноемви.

devojce

Родителите на Аријана биле во посета на малата Кајри, за да бидат како девојчето закрепнува од операцијата.

-Беше тоа многу многу емотивна средба. Имаше многу солзи исплакани во тишина, изјавила мајката на Кајри.

Родителите на Аријана при посетата и раскажале многу приказни за својата ќерка, па испаднало дека освен заедничките органи овие две девојчиња имаат многу повеќе заеднички работи.

хокеј

-Двете имаат големи дупчиња на образите, љубов кон безболот и гитарите, а цртанот Frozen им е се, изјавила мајката на Кајри.

Таа додала дека родителите на Аријана и подариле неколку уркаси за елка, со цел да може да го запознае подобро малото девојче кое беше голем борец.

Кајри чекала повеќе од пет години за пресадување на тенкото и дебелото црево, црниот дроб и панкреасот.