ВИДЕО: Цели гробови со вампири откриени Полска

Необичен гроб со чудно и насилно погребување е откриено на гробиштата Дравско во Полска, пишува Livescience. Археолозите пронашле 5 скелета од тела, кои биле закопани на чуден начин – со српови врз грла или бутовите. Истражувачите успеале да соберат информации за минатото на секој еден од скелетите.

VAMPIRI

Првиот му припаѓал на човек кој во моментот на неговата смрт бил на возраст меѓу 35 и 44 години. Другите остатоци, очигледно се женски, на жена која умрела на возраст меѓу 35 и 39 години. Во нејзиниот гроб е положен срп, а черепот и е оштетен.

Втората жена е значително постара, бидејќи нема заби. Таа исто така е погребана со срп, но не врз грлото, туку меѓу бутовите. Освен тоа во устата има монета, а врз грлото – камен. Овие атрибути ги насочиле археолозите кон помислата дека жената е ставена во особено чудана положба за традиција или верување на некое локалното општество – најверојатно таа била сметана за вештерка.

Пронајдени се и остатоци од дрвен сандак со скелети на девојче и на девојка, кои исто така биле погребани со монети.

Според научниците ритуалот на положување српови во гробови со жени е цел или да бидат заштитени во задгробниот живот од демони, или обратно – да не воскреснат како вампири или демони.

Ископувањата во полското гробишта во Дравско се водат од 2008 година. Некои од гробовите се уште од бронзениот век, но и оние во кои се откриени телата со српови се од XVI и XVII век.

Се уште не е разјаснето зошто овие луѓе биле сметани за демони и вампири. Научниците претпоставуваат дека тие биле убиени, бидејќи луѓето се си мислеле дека поседуваат натприродни способности.

Во соседството во Бугарија, скелет на човек со траги од типична манипулација за верување дека е вампир беше откриен пред 3 години позади црквата “Св. Николај Чудотворец” во Созопол и предизвикаа вистинска сензација и во светот. “Тој би требало биде толку многу омразен од останатите жители на Созопол, затоа што меѓу овие 700 погребани, не може да има само добри луѓе”, коментира тогашнит шеф на НМИ, Божидар Димитров.