Како се подели и уништи Блискиот исток

Пред завршетокот на Првата светска, Велика Британија, Франција и Русија во тајност се договараат за поделба на Блискиот исток на свери на влијание. Отоманското царство беше пред распаѓање, па сојузниците веќе размислуваа за поделба на пленот.

поделба1

Британија и Франција веќе имаа големи интереси во регионот меѓу Медитеранот и Персискиот залив, но евентуалната победа отвораше можност за многу повеќе. Русија исто така сакаше дел од колачот.

Во периодот меѓу ноември 1915 и март 1916 година, Британија и Франција се договараат да направат поделба, а учество зема и Русија.

Направен е таен договор познат како Сајкс-Пикотов договор, наречен според главните преговарачи, аристократите Марк Сајкс од Англија и Франсои Џорџ Пикоу од Франција.

Според договорот, Британија (B) ја доби контролата над црвената зона која ги опфаќаше, денешен Јордан, Ирак и Хаиф во Израел. Франција (А) доби да ја управува сината област, под која влегла денешна Сирија, северен Ирак и јужна Турција заедно со Курдистан. Кафеавата овласт остана под меѓународна контрола кој беше договорена со Русија и другите сојузници.

podelba2

Руската револуција, поради која земјата ќе се повлечи од земјата, ја исклучи и од овој договор, но новата комунистичка влада јавно ги објавила овие документи кои ја посрамотија Британија, затоа што се косеа со тврдењата на Берлин дека Арапите ќе добијат суверенитет над својата земја.

По завршувањето на војната, условите кои биле поставени на првобитниот договор потврдени се на конференција во 1920 година и одобрени се од страна на Лигата на народите во 1922 година.

Иако договорот Сајкс-Пико бил направен со намера да се исцртаат нови граници спрема религиска поделба, неговите првични линии ги занемарија етничките, племенските и религиските карактеристики на овој длабоко поделен регион.

Овој договор и неговото влијание на Блискиот исток, до денес е пример за хаос што може да се создаде кога странски сили се мешаат во политиката во еден регион, којшто ним не им е добро познат.