ВИДЕО: Терористи на „Исламска држава“ киднапираат девојки за секс робинки

На интернет се појавија ужасни видеа, од терористите на „Исламска држава“ кои киднапираат сириските девојки. На видеото се гледа како луѓе во црна облека и скриени лица се борат со младите жени и со сила ги киднапираат од нивните семејства.

teroristi

Роднините на никаков начин не можат да се спротивстават на вооружените терористи пренесува „bloknot.ru“.

„Исламска држава“ го создаде еден од најголемите пазари за трговија со луѓе во современиот свет. Џихадистите киднапираат и држат во ропство илјади жени и деца. Во текот на летото тие разделиле и ценовник за заробениците. Според него момчињата и девојчињата на возраст од 1 до 9 години се проценуваат на 165 долари, а тинејџерите од 11 до 16 години – на 124 долари.