Ракот не е само резултат на “лоша среќа”

Поголемиот број на случаи при заболување од рак настануваат како резултат на фактори кои можат да се избегнат, како што се токсичните хемикалии и радијацијата, се наведува во новата студија.

rak

Ова истражување е во спротивност на резултатите од претходната студија, која беше објавена на почетокот на годината, а во која се истакнува дека две третини од облиците на рак се “работа на лоша среќа”, а не фактори како што е пушењето.

Во новата студија, утврдено е дека само 10 до 30% од случаите на рак се поврзани со начинот на кој телото вообичаено функционира или “среќа”.

Суштината на дебатата е релативната важност на внатрешните и надворешните фактори. Тимот од Центарот за истражување на рак од Њујорк му пришол на овој проблем од различни агли, вклучувајќи го и компјутерското моделирање, популациските податоци и генетиката.

Според нивните резултати, од 70-90% од ризикот се сведува на надворешни фактори.

Доктор Јусуф Ханун, директор на Центарот за истражување на ракот за “BBC” изјави дека надворешните фактори играат голема улога и дека луѓето не смеат да се кријат зад “лошата среќа”.

“Луѓето не можат да пушат и после да кажат дека тоа е лоша среќа. Тоа е како револвер каде внатрешниот ризик е еден куршум. Ако играте руски рулет, тогаш еден од шест ќе добие рак. Тоа од внатрешна страна е набљудувано како лоша среќа”, вели тој.