ВИДЕО: Турција на ивица од крвава граѓанска војна – Тенковите на Ердоган тргнаа кон курдските градови

Турските безбедносни сили убија 23 припадници на Курдската работничка партија (ПКК) во два града во југоисточниот дел на земјата.

Turska-Jutjub-650x431

Станува збор за градовите Силопи и Чизре, во близина на границата со Сирија и Ирак, во провинцијата Ширнак.

Во оваа провинција во понеделникот е воведен полициски час, кога турските сили започнаа операција против курдските бунтовници.