ВИДЕО: Eве со што располагаат Русите во борбата со терористите

Според утврдениот редослед руските авиони полетуваат од базата Хмејмим, одскочна даска за руската војна од воздух против терористите на Исламска држава, јави новинар на „CNN“.

Неколку пати во рок од еден час од базата одзвонува звукот на борбените авиони кои тргнуваат во војна со џихадистите за да пружат поддршка за копнените сили на сирискиот претседател Башар ал Асад. Во базата се наоѓа ракетниот систем земја- воздух на новата генерација “С- 400″, авионите “Сухој-24М”, “Сухој- 25 СМ”, “Сухој- 34″…

Податоците  на руското Министерство за одбрана откриваат што е постигнато за последните 24 часа и го покажуваат интензитетот на руските воздушни напади.

Авионите на руските сили изведоа 59 борбени надлетувања на повеќе од 200 објекти на терористите во седум сириски провинции. Биле убиени 320 екстремисти на ИД, а уништени се повеќе од 100 складишта на нафта.

Од денес ние сме единствена војска на светот која прикажува во детали, дури, како и кое точно руско прецизно оружје се користи да се нападнат метите на терористите од авион и бродови. Во меѓувреме, информацијата за резултатите на антитерористичката коалиција доаѓаат, во најдобар случај, од неколку официјални претставници- рекол за новинарите официјален претставник на Министерството за одбрана на Русија Игор Коношенков во Латакија.