Славни ѕвезди кои наводно се убиени од Илуминатите?

Некои големи холивудски ѕвезди не се повеќе меѓу живите, но за нив се уште се зборува. Фановите тешко може да  помират дека нивните идоли веќе не се живи, па поради тоа честопати во јавноста се шират теории на заговоро. Една од најголемите теории на заговор се дека голем број ѕвезди од шоубизнисот и од политиката се жртви на озогласените Илуминати.

Илуминатите се тајно друштво за кое се смета дека ги контролираат сите светски случувања. Илуминатите и членовите на нивните организации се посбено влијателни во забавната индустрија, а се наведува дека нивните членови прават „крвни жртви“ за да станат славни. Многу познати луѓе биле убиени од Илуминатите затоа што не сакале да му се покорат на планот на организацијата. Други, пак, се убиени како крвни жртви за доброто на организацијата. Многу е тешко да се докажат овие жртви, а ова се само некои од фактите кои се поврзани со мистериозната смрта на многу познати ѕвезди.

Веста за ненадејната смрта на ѕвездата на филмот „Брзи и бесни“, Пол Вокер пред две години ја потресе светската јавноста, особено поради тоа што на некој начин филмот кој му донесе светска слава како на некој начин да ја предвиде неговата смрт. Набргу се проширила теоријата дека Пол дознал нешто што не требало да дознае.

Наводно станува збор за пари кои се трошеле на некои нелегални работи, а тогаш тој седнал во својот автомобил Порше Карера во кое трагично го изгуби својот живот. Тоа е теорија, а неговата ќерка подигнала и тужба против производителот бидејќи има сомнежи дека во автомобилот имало фабричка грешка.

Пред една година во светот завладеа молк кога беше објавена веста за смртта на познатиот комичар Робин Вилијамс кој долго време се бореше со депресијата. Тој своите обожаватели ги развеселуваше со своите бројни улоги, но на крај заврши трагично. Како што пренесуваат американските медиуми, една епизода на серијата „Family guy“ ја предвидела и ја најавила смртта на актерот. Со истрага пак било утврдено дека се работи за самоубиство, но во оптек имало и теорија дека убиството на Робин било планирано од страна на Илуминатите.

Во светските медиуми се пишуваше и за теоријата дека Илуминатите се виновни и за смртта на музичката дива Витни Хјустон која пред три години беше пронајдена мртва во када во хотелска соба во Беверли Хилс. Таа наводно била членка на тајно друштво, а на својот талент и кариера може да му се заблагодари на „договорот со ѓаволот“.

Колку и лудо да звучи , голем број поверувале во оваа теорија, како и тоа дека е казнета со смрт поради разузданиот живот и прекумерното консумирање на дрога.

Слична е приказната и со некои од најголемите холивудски диви. И дене е актуелна приказна за теоријата на заговор околу смрта на секс симболот , мерилин монро. Се пишуваше дека нејзината ненадејна смрт во 1962 година е предизвикана од самоубиство, а досието на Мерилин е запечатено како голем тајна. Меѓутоа, некои теории велат дека за нејзината смрт е виновен нејзиниот љубовник и поранешен претседател на САД, Џон Кенеди.

И смртта на актерката Натали Вуд е објавена под веот на тајноста. Славната актерка починала кон крајот на 1981 година, а причината за нејзината смрт е ставен на испитување во 2011 година. Така се утврдило дека причината за смртта на актерката е „случајно давење и други неразјаснети околности“. Се чини дека вистината за нејзината смрт никогаш нема да биде откриена.

Откако почина во 1997 година во тешка сообраќајна несреќа во Париз, се бара виновникот за смртта на принцезата Дијана, но се шпекулира дека таа била убиена од британската тајна служба МИ-6.

Теорија на заговор го следи и бродот Титаник кој потона во 1912 година, но неговата приказна и денес фасцинира многу луѓе. По несреќата се појавија разни теории на заговор , наводно дека бродот намерно бил потопен за да се измами осигурувањето.

Една од теориите на заговор е и онаа за Пол Мекартни дека починал уште во 1966 година,  а членовите на „Битлси“ тогаш го замениле со двојник. Поборниците на оваа теорија тврдат дека доказите се наоѓаат на многу албуми на групата „Битлси“, а наводно постојат и пораки кои може да се слушнат ако некои од нивните песни се слушаат наназад.

Главен доказ на целата теорија е и фотографијата на албумот „Abbey Road“ во која теоретичарите виделе скирена симболика, бидејќи Пол е единствен кој е бос на сликата и изгубил чекор со останатите членови.

Меѓу жртвите на заверите на Илуминатите се споменуваат и поранешниот „Битлс“ Џон Ленон, поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди како и неговиот син Џон Кенеди Помладиот, поборникот за човекови права Мартин Лутер Кинг, фронтменот на „Нирвана“ Курт Кобејн, легендарниот Џим Морисон, Френк Запа, Боб Марли, Џими Хендрикс , Брус Ли па дури и раперот Тупак Шакур.