ВИДЕО: Проект на Тито вреден 6 милијарди долари

Шпионска соба, црвен телефон, болница, конференциски сали – ова е само дел од она што се наоѓа во бункерот на Тито во Конјиц.

Градежниците кои работеле на бункерот никогаш не смееле да ја довршат својата работа и не ни знаеле на што точно работат. Нив ги превезувале од три воени пошти, а им ги врзувале очите за да не дознаат каде ги носат. Кога стигнувале до местото, повторно ги возеле околу околните села, за да не забележат каде се наоѓаат.


Влезот во бункерот


Ходник

Кодот за бункерот бил DO ARK и  би послужил во случај на атомска војна, во него да се скријат Тито и неговите 350 најблиски соработници, во целосна изолација од надворешниот свет цели 6 месеци.

Сепак, во бункерот имало толку добра технологија што оние кои би живееле таму во секој момент би можеле да дознаат што се случува со светот.


Конференциска сала


Оперативен центар 

Бункерот е поделен на 12 блокови. Изработувањето на овој комплекс составен од километражни ходници и помали и поголеми објекти чинело тогашни 4,5 милијарди долари или денеска вредноста се проценува на околу 6 милијарди долари.

Официјалните информации тврдат дека Тито никогаш не влегол во него – додека неофицијалните велат дека го посетил бункерот за време на отворањето на домот во Коњица.

Само атомското засолниште може да издржи нуклеарен удар со јачина од 20 килотона.


50 тони нафта

Во бункерот има буквално сè, сопствена електро и водоводна мрежа како и резерви со нафта. Има две конференциски сали со по 80 столчиња, а секоја канцеларија има и т.н. црвен телефон. Исто така има пет оперативни центри со директни телефонски линии до претставништвата на  тогашните сојузни републики, кабловска телевизија, две кујни, пет големи тоалети, центар за заштита на податоци, болница со операциона сала.


Шпионска соба

Неверојатно е што речиси секој сегмент од овој комплекс се уште функционира беспрекорно, па дури и малите столни ламби.

На дното на бункерот се наоѓа местото предвидено за Тито, опремено поскапо и подобро од останатите делови во бункерот. До неговата соба се наоѓа и дел кој бил предвиден за неговиот најблизок соработник Џемал Биједиќ.


Креветот на Тито во неговата соба


Работната соба на Тито


Цицат над огледалото во собата на Тито

Овој импозантен простор од масивна бетонска конструкција се простира на околу 6.500 квадратни простори и околу 300 метри длабочина под површината на земјата. И ден денес, бункерот го чуваат припадници на воените сили на БиХ, а е во сопственост е на Министерството за одбрана на БиХ. Денес го посетуваат многу туристи и уметници од сите бивши Југословенски земји.