ВИДЕО: Борците на Исламската држава панично бегаат во Турција

Армијата на Башар Асад мина во офанзива кон последниот утврден реон на терористите од “Исламска држава” во провинцијата Латакија.

Во моментов се водат жестоки борби во предградието на градот Салма, јави ТВ каналот “Ѕвезда”. Исламистите ги губат своите позиции, а сириските борци, поддржани од руската борбена авијација успеаја да ја заземат стратешки важната височина.

Успехот на операцијата беше предодредена од точните погодоци на руските борбени авиони на магацините на терористите со оружје и муниција.
Ако пред почетокот на масовниот напад во оваа област имаше над 10 000 радикални исламисти, сега според последните податоци останале неколку стотини.

Бегајќи од бомбардирањето, џихадистите се повлекле кон Турција, до границата која е на десет километри.

На армијата на Башар Асад и останува уште да преземе три височини во регионот, така што ќе успее да ги затвори во обрачот терористите, забарикадирани во Салма.