Сириските жени се обединуваат за да ги спасат христијаните од ИСИС (ВИДЕО)

Целосно женската милициска група во Сирија ја завршува обуката во тренинг-кампот во североисточниот град Ал Кахтанијех. Решителни девојки главно се од христијански семејства и земаат оружје во рацете во знак на пркос на традиционалната идеја на сириските жени како домаќинки.

Под контрола на Даеш (ИСИС), сириските жени би имале чисто домаќинска улога, принудени да го живеат својот живот во домовите како сопруги или мајки.

Подемот на женскиот баталјон е целосна негација на замислите на ИСИС од каменото време. Жените воинки сакаат да им се спротивстават на таквите идеи, и да се борат против присилувањето да водат таков живот, пишува Спутник.

Илјадници Сиријци избегаа од своите домови откако џихадистите на Исламска држава ги освоија нивните градови. Сиријците кои припаѓаа на друга вера без принудени да се конвертираат или да се соочат со смрт.

„Не се плашам од Даеш, и ќе учествувам во претстојните битки против терористите“, вели 24-годишната воинка Табирта Самир за Франс прес.

Друга воинка, 36-годишната Бабилонија, е поранешна фризерка која била охрабрена од својот сопруг да земе оружје в рака и да се бори против застарените муслимански идеи за жените како домаќинки.

Таа за Франс прес изјави дека ѝ недостигаат двете деца, но дека „се бори да ја заштити нивната иднина“.

Формацијата „Женски безбедносни сили на земјата меѓу двете реки“ е баталјон кој го следи примерот на првата женска воена единица во земјата, курдската Женска безбедносна единица (ИПЈ), фракција на курдските Народни безбедносни единици (ИПГ).