Најубавата жена во светот има само уште 3 години живот?

Анџелина Џоли оваа пролет превентивно ги отстрани своите гради за да не почине од рак да дојка како нејзината мајка Маршелин, холивудската актерка Анџелина Џоли (38) смета дека нема уште многу долго да живее.

Блиски извори на славната актерка тврдат дека таа е сигурна дека нема да ја доживее својата 45 година, а верува дека и останале помеѓу 3 и 5 години живот, пренесуваат американските медиуми.

Таа направила листа со цели кои сака да ги направи пред својата смрт. Таа прави се за да биде здрава, но уверена е дека со оглед на медицинската историја на нејзиното семејство, ни двојната мастектомија нема да и го спаси животот. Таа изјавила дека ќе ги отстрани и јајниците бидејќи тестовите покажале дека има ген кој предизвикува рак.

Анџелина била скршена од смртта на својата мајка во 2007 година. Најавила дека ќе глуми во филм кој ќе го продуцира нејзиниот сопруг Бред Пит (49), со кој Анџелина има три биолошки и три посвоени деца.