Малата Ромка сите ја отпишале, а има поголемо IQ и од Ајнштајн

Никол Бар има само 13 години и живее како чергар. Малата Ромка патува од едно место на друго и едвај одела во училиште. сите би ја отпишале да не бил тој судбоносен ден.

 никол

Се се случило случајно во училиштето Есекс во Велика британија, каде што девојчето било просечно дете и делувала незаинтересирано за сите работи околу себе. Сепак, нејзините учители приметиле дека е талентирана, но по инсистирањето на нејзината мајка дека е поразлична.

И дале да полага Менса тест и откриле дека има поголемо IQ од двајца генијалци Алберт Ајншатјн и Стивен Хокинг.

Всушност, научниците тврдат дека спаѓа во групата од 1% најталентирани луѓе на светот. Нејзиниот коефициент на интелигенција е 162, за два поени повеќе од Ајншатајн.

– Нејзината интелигенција од секогаш била очигледна. Можеше да решава математички задачи уште кога имаше две години. Таа вежба математика и сака глума, во слободно време учи кинески, открива нејзината мајка.

Нејзиниот татко Џејмс има 36 години и работи како чистач и занаетчија кој живее во камп приколка. Живее одвоено малата Никол.

Тој вели делата е вистинска гордост за ромската заедница.

– Сите во заедницата се горди на Никол. Тие велат „Видете, и ние можеме“, изјавил татко и.

– Луѓето зборуваат лоши работи за Ромите, судат за книгата по корицата. Мојата мајка вели дека и ние сме луѓе кои прават добри работи, изјавила малата Никол.

Девојчето во кое никој не верувал, сега добила повик од Оксфорд да ги посети. Вели дека сака да студира медицина.

Просечна личност има IQ 100, а секоја бројка повеќе од 140 се смета за генијалец.

Така што нкогаш не потценувајте луѓе. Кој знае, можеби гледате во новиот Ајнштајн.