(ВИДЕО) Цеца ги запали шеиците: Цел Дубаи ја пееше „Београд“

Светлана Цеца Ражнатовиќ одржа концерт за паметење на плажата Насими во Дубаим каде богатите шеици и луѓе од тие простори имаа можност да ја слушаат.

Пејачката првпат во кариерата пееше во Дубаи, и тоа на денот кога нејзиниот син Вељко го славеше 19. роденден. Цеца имаше настап во склоп на еден луксузен хотел, а бројните фанови на популарната пејачка дошле да ги слушнат добро познатите хитови. Расположената публика пеела со Цеца, а таа на почетокот од концертот истакнала дека и е задоволство што има можност да настапи на така луксузно место.

Foto Kurir

Атмосферата се вжешти кога на ред дојде песната „Београд“, која публиката ја пееше на глас. Цеца за овој спектал доби дури 100.000 евра, а на настапот присуствуваа богати арапски шеици, како и Срби и други Балканци кои живеат и работат во Обединетите арапски емирати.