Цукерберг изрази поддршка за муслиманите
Објавено:
четврток, 10 декември 2015 во 21:45
Марк Цукерберг изрази поддршка за муслиманите низ целиот свет. Основачот и шеф на „Фејсбук“ пораката ја сподели на својата социјална мрежа, пренесува Ројтерс.
– Како евреин моите родители ме учеа дека ние треба отворено да се залагаме против нападите против сите заедници. Дури и ако денес еден напад не е против вас, по некое време нападите врз слободата на кого и да било, ќе ни наштетат на сите”, напиша Цукерберг во пост на Фејсбук.