Од идната година катедра по македонски јазик во Кина

Од следната година на Универзитетот за странски студии во Пекинг ќе започне со работа катедра по македонски јазик.

Ова е договорено на денешната средба во Скопје меѓу ректорот на скопскиот Универзитет, Велимир Стојковски и делегацијата од Универзитетот за странски студии во Пекинг, која престојува во посета на Македонија.

Во рамки на посетата, претставниците од Кина го посетија и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, кој функционира во рамки на скопскиот Универзитет.