Денеска се празнува Св. великомаченица Екатерина.

Денеска е Св. великомаченица Екатерина.

екатерина

Света Екатерина потекнуваше од царски род. Татко и умре наскоро по нејзиното раѓање, па така таа остана да живее со мајка си во Александрија.

Беше одлично школувана и надарена со голема телесна убавина. Мајка и која беше потајно христијанка ја научи на верата во Христа.

За време на гонењето на Максентиј, кога света Екатерина имаше 18 години беше изведена пред суд и погубена заради нејзината истрајност во верата.

Пострада во 310 година. Нејзините чудотворни мошти се пазат во Синајскиот манастир што го носи нејзиното име. Мошне е позната и почитувана и во Македонија, особено заради силните врски на македонската Црква со Синајскиот манастир.

Be the first to comment on "Денеска се празнува Св. великомаченица Екатерина."

Напишете коментар

Your email address will not be published.