Осуден лидер на култ во Лондон кој ја чувал ќерката затворена 30 години

Објавено: сабота, 5 декември 2015 во 09:25
Spread the love

Британецот од азиско потекло, Аравиндан Балакришнан (75), означен како лидер на маоистички, ултралевичарски култ, е осуден од судот во Лондон за 12 кривични дела, поврзани со сексуално насилство, силување и нелегално затворање жени.

Maoist cult leader Aravindan Balakrishnan was found guilty of a string of charges
Maoist cult leader Aravindan Balakrishnan was found guilty of a string of charges

Балакришнан е прогласен виновен за силување на две жени, следбенички на неговиот култ, како и за малтретирање и затворање на неговата ќерка, која околу 30 години не смеела да ја напушти куќата во јужниот дел од британскиот главен град каде тој живеел со жените од неговата комуна.

Девојката никаде не е заведена, никогаш не била на лекар и не посетувала никакво училиште, а само еднаш била надвор, во 2005 година, кога успеала за кусо време да побегне од куќата-затвор, но била набргу пронајдена и вратена назад од нејзниниот татко.

Ќерката, чиј идентитет не се открива, од правни причини, на судскиот процес објасни дека дури како 13 годишна,  разбрала дека нејзината мајка е една од силуваните жени-следбенички на култот.

Мајката загинала во 1996 година, паѓајќи од прозорецот на зградата во која живеел Балакришнан со членките на култот.

Неговата ќерка, која сега има 32 години, изјавила на судењето дека жените ги држел под контрола ,спроведувајќи насилство врз нив и зборувајќи им дека тој ја има „силата на Господ“ која може секаде да ги стигне и да ги казни.

По изрекувањето на пресудата ќерката изјавила дека најпосле се чувствува слободна и дека сега може да живее со големо олеснување.

– Верувам дека правдата најпосле е извршена, рекла жената во судот.

Балакришнан дошол во Лондон од Сингапур, во 1963 година, за да студира, но седум години подоцна, како ултралевичар  ја создал својата маостичка комуна-Работнички институт Брикстон- во која се нашле и првите две жени, тогаш млади девојки и „убедени“ маоистки.

Ќерката е родена во 1983 година и таа првпат излегла од куќата во која била заточена, дури 22 години подоцна. Тридецениската изолација го нарушила нејзниното здравје, па таа сега боледува од дијабетис и  има други проблеми со здравјето.

Нејзиниот случај бил откриен, а таткото уапсен во октомври 2013 година, откако побегнала и стапила во контакт со една хуманитарна организација, која ја известила полицијата.

Изрекувањето на пресудата за Аравиндан Балакришнан е најавено за крајот на идниот месец.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.