Босанските муслимани бараат заштита од исламскиот радикализам

Босанските муслимански интелектуалци, политичари и религиозни лидери, упатија денеска заеднички повик против исламскиот екстремизам и радикализирањето на муслиманската заедница и изразија одлучност да го заштитуваат умерениот ислам во БиХ, пренесе БТА.

oga123

Повикот беше упатен три седмици по нападите во Париз, во кои загинаа 130 лица. Пет дена подоцна исламист застрела со автоматско оружје двајца босански војници.

– Треба одново да ја штитиме нашата религија, нашата култура, нашата држава и нашите вредности, оние на умерениот ислам.

– Се спротивставуваме на секаква форма на радикализам, на насилен екстремизам и на тероризам, изјави политичкиот лидер на босанските муслимани Бакир Изетбеговиќ.

Во декларација, усвоена по средбата на околу 40 муслимански високи претставници во Сараево, учесниците, меѓу кои босанскиот муфтија Хусеин Кавазовиќ, бараат властите да се спротивстават на екстремистите.

Вознемирени сме од терористичките дејствија во Босна и Херцеговина, во Европа и во светот и ја осознаваме одговорноста да го зачуваме мирот, слободата и заедничкиот живот во нашата земја, на трите главни заедници – муслимани, Срби и Хрвати, се наведува во декларацијата.

– Треба да признаам, дека на време не осознавме колку голема може да биде опасноста од пропагирање на таа идеологија, рече Изетбеговиќ.

Потписниците на декларацијата побараа од „властите во муслиманските земји“ да ги почитуваат религиозните традиции, институциите и автономијата на босанските муслимани.

Be the first to comment on "Босанските муслимани бараат заштита од исламскиот радикализам"

Напишете коментар

Your email address will not be published.