Путин: Алах реши да ги казни турските лидери одземајќи им го разумот (ВИДЕО)

„Спремни сме да соработуваме со Турција на овој чувствителен проблем и спремни сме да отидеме многу подалеку отколку другите сојузници на Турција“, кажа рускиот претседател. Во понеделникот Путин објави наводни докази дека нафта од полињата под контрола на Даеш (ИСИС) се транспортирала во Турција на индустриско ниво.

putin

„Само Алах знае зошто го прават тоа“, кажа денес рускиот претседател.

Сепак, Путин додаде и дека Русија нема да се впушта во „воено тропање со оружје“ со Турција, пренесува Ројтерс.

Путин истакна дека Турција „повеќе од еднаш“ ќе зажали за тоа што го урна рускиот воен авион и дека се лажат оние што сметаат дека реакцијата на Русија ќе сопре само на трговски санкции.

„Но од нас нема да дочекаат нервозна и опасна реакција и за нас и за целиот свет. Во суштината на нашите дејства ќе има пред сѐ одговорност. Не се спремаме и не тропаме со оружје“, кажа Путин.

Во годишното обраќање пред парламентот, Путин кажа дека не може да го игнорира турското помагање на терористите.

„Земјите не би смееле да имаат двојни аршини кон тероризмот“, предупреди рускиот претседател. „Но ние не ги поистоветуваме турскиот народ и дел од денешниот владејачки врв кој носи директна одговорност за загинувањето на нашиот војник“.

Тој кажа и дека Москва нема да го заборави злосторството и ќе ги потсетува Турците, кои ќе зажалат за тоа што го направиле.

„Ако некој мисли дека откако ќе изврши подло воено злосторство, убиство на наши луѓе, ќе мине само со домати или ограничувања во градежништвото, во длабока заблуда е. Ние знаеме што треба да правиме“, истакна Путин, проследен со аплауз.

Be the first to comment on "Путин: Алах реши да ги казни турските лидери одземајќи им го разумот (ВИДЕО)"

Напишете коментар

Your email address will not be published.