Христјанското братство од Тетово бара помош за изградба на светлосен крст на Шар Планина

Здружението Христијанско братство ќе гради Христијанска камена кула во срцето на Шар Планина на чиј врв ќе постават шест метарски светлосен крст.

hrisitjanstvo

„ Чест ние да Ве информираме дека, ХРИСТИЈАНСКО БРАТСТВО започна со изградба на Христијанска Камена Кула, и на чиј врв ќе биде поставен светлосен КРСТ со димензии 6х4 метри во срцето на Полог, под Шара и Сува Гора. Целта Ние, сите заедно и сплотени да изградиме Христијанска Камена Кула и Светиот КРСТ да биде темелник чувар на нашата ВЕРА во тетовско и пошироко!“ – стои во писмото испратено од братството

Светата Христијанска Камена Кула се гради на влезот во Општина Брвеница, Тетово на многу прегледно и достапно место

„Целта е да се приберат финансиски и материјални добра, за да може истата Кула да ја завршиме и со Господ здравје ако имаме време и средства истата на Велигден ја осветиме. За слики и како се движи градбата и која е политиката на Христијанско Братство можете слободно да ја посетите страната на Hristijansko Bratstvo. Однапред Ви благодариме и нема да ја заборавиме Вашата добрина !“ – велат од здружението

Средствата може да се уплатат на Жиро сметка: 300110000103481 во Комерцијална Банка АД Скопје

Лице за контакт: М-р. Грозданоски Жарко

Be the first to comment on "Христјанското братство од Тетово бара помош за изградба на светлосен крст на Шар Планина"

Напишете коментар

Your email address will not be published.