ВИДЕО: Судири меѓу клановите во затворите, најмалку 75 затвореници се убиени

Најмалку 75 затвореници се убиени во судирите меѓу спротивставените кланови што избувнаа во три еквадорски затвори.

Би-Би-Си соопшти дека станува збор за најсмртоносните инциденти во еквадорските затвори.

Судирите меѓу клановите започнаа вчера, а експертите сметаат дека станува збор за борба за контрола на затворот откако во декември беше убиен водачот на еден од клановите.

Во тие три затвори се наоѓаат 70 проценти од сите затвореници во земјата.

И претседателот на Еквадор Ленин Морено реагираше на судирите во затворите, испраќајќи дополнителни безбедносни сили да воспостават контрола во затворите.

Водачот на еден од клановите, убиен во декември, разви мрежа за криумчарење предмети, наркотици и оружје во затворите.