Скопјанец нападнат од три лица и прободен со нож

Вчера во 22:40 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Д.К.(22) од Скопје. Во разговор со полициски службеници Д.К. изјавил дека околу 22.00 часот во Скопје кај Транспортен центар бил физички нападнат од три лица, кои го повредиле со остар предмет.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.