Мајка на 16 деца признала дека воопшто не сакала деца: Сопругот ме убеди (ВИДЕО)

Џени и Реј Бонел се родители на најголемото австралиско семејство и често зборуваат за своите искуства. Имено, имаат 16 деца и тврдат дека сакаат уште.

Сепак, одговарајќи на прашањата од пријателите на социјалните мрежи, Џени открила дека таа во минатото воопшто не сакала да има деца, но сопругот ја разубедил. Имено, споделила дека Реј доаѓа од шестчлено семејство и дека на почетокот на нивната и открил дека сакачетири или шест деца, а таа инсистирала дека тоа нема да се случи. Сепак, нејзиното мислење се променило.

“Прифатив да имам едно, можеби две деца. Тоа го отвори моето срце кон тоа што е мој животен повик. На крајот јас бев таа која го праша сопругот дали може да се обидеме и за трето дете”, рекла таа.

Тогаш имале еден син и две ќерки, а Реј се надевал на уште едно дете за семејството да биде целосно. Меѓутоа, четвртото било девојче, што ги поттикнало да продолжат да го прошируваат своето семејство. За жал, кога Џени забременила следниот пат, доживеала спонтан абортус. Но, многу брзо повторно забременила па добиле уште едно дете. Како што велат, имале среќа да достигнат до бројката од 12 пред да доживеат уште еден спонтан абортус, а кога се обиделе да го добијат 16-тото дете, претрпеле уште еден абортус.

“Тоа беше многу тежок период”, вели оваа мајка.

На крајот дошла малата Кејтлин, а Џени открила дека се надева дека ќе добие и 17-то дете и не крие дека таа и Реј користат заштита, ниту планираат да почнат да ја користат.

Многумина биле шокирани од сознанието дека Џени всушност била бремена 23 пати и дека имала шест спонтани абортуси. И покрај фактот дека е свесна дека можеби повеќе не може да оствари успешна бременост, се надева дека ќе роди уште деца.

“Дали сме задоволни со 16 деца? Апсолутно. Многу сме среќни со тоа што го добивме. Едноставно неверојатно ги сакаме своите деца. Се чувствувам толку почестено што сум мајка и не можев да замислам подобар живот. Планирав да немам деца, но ќе пропуштев многу работи ако го следев тој пат”, заклучила таа.

Одговарајќи на други прашања, Џени истакнала дека сите нејзини деца се зачнати по природен пат, а не преку ин-витро оплодување, како што многумина веруваат, пренесува “The Sun”.