Автентичен хотел за спектакуларен одмор во природа, едноставно освојува

Во светот постојат голем број хотели кои што нудат интересни содржини за своите посетители.

Без оглед на тоа дали сакате да се опуштите и уживате во една од главните светски метрополи или пак сакате близок контакт со природата, светот на холетите секогаш има што да ви понуди.

Доколку припаѓате на втората група луѓе кои сакаат да уживаат во природа и да го пронајдат својот мир и комфор далеку од вревата, тогаш хотелот „Kaiyuan Senbo“ во Кина е идеалното место за вас.

Тој се состои од куќички на дрво, а тие се сместени во планинскиот пејзаж.

Земајќи ја природата како своја почетна точка, импресивното одморалиште на своите гости им нуди мир однатре и авантура низ природниот свет кој што го обиколува.

Куќичките се наредени како лего коцки, а на гостите им се достапни по пат на скали или пак стази кои што ја сечат целата структура. Централната екстериерна тераса е фокалната точка за сите куќички и создава единствен заеднички простор во кој што гостите можат да се дружат и да уживаат во погледот кон природното опкружување.

Одморалиштето нуди автентично искуство за сите гости кои што бараат мир и спокој, но секако дека ќе им се допадне и на оние кои што во себе негуваат авантуристички дух.