Верската криза во Европа е сè поочигледна: Нема да верувате во што ги претвораат црквите во Холандија, дали западната елита го сака тоа

Верските објекти ширум Холандија често се претвораат во станови или барови, а поединци во тоа гледаат надворешен притисок, односно антирелигиска стратегија на западните елити како клучен придвижувач на овој процес.

Црквите во Холандија се во длабока криза, а според извештајот на “RTL News”, некои од нив не се во состојба да си ги дозволат трошоците за одржување, додека во други има се помалку верници. Освен тоа, поради ограничувањата поради пандемијата, посетеноста е се помала, а со самото тоа профитот на црквите.

Резултат од сето тоа се натписите “на продажба”, а некои селски холандски цркви се продаваат за 35.000 евра. Меѓутоа, според мислењето на Том Звицер од компанијата “Blue Tiger” од Гронинген, парите воопшто не се главната причина.

Тој смета дека црквите стануваат празни бидејќи дел од западната елита тоа го сака.

“Тие сакаат свет без религија и историја. Тоа што се случува во Црквата потекнува од неверојатната слабост на црковните лидери кон властите, но и кон сопствениот повик”, рекол Звицер.

Во доба на корона, истакнува Звицер, многу холандски свештеници, бискупи на Католичката црква, побрзале да ги послушаат владините наредби и целосно ги затвориле местата во текот на важните обреди и строго го ограничиле присуството на мисите.

“Не можам да се сетам дека некогаш во историјата црковните лидери така масовно ги послушале владите наместо да и служат на душата на верниците. Многу луѓе одеа во црква секоја недела, но сега, многу од нив со месеци не присуствувале на миса или служба, некои дури и цела година. Овој проблем јасно го гледам како премин од верата во Бога кон вера во државата. А ова е проблем од горе надолу – каде црковните лидери имаат повеќе верба во државата отколку во Бога, а вените ќе ги следат. Па зошто тогаш да одат во црква?”, наведува тој.

Кога станува збор за верската слобода и оживувањето на традиционалната вера во Холандија, Том Звицер укажува на Истокот, споменувајќи го крајот на ерата на Јелцин во Русија, кога со неговото заминување негативните тенденции сопреле.

Според зборовите на холандскиот издавач, тоа имало позитивно влијание на црквата, бидејќи Русите често му се обраќале на Бог кога социјалниот и политичкиот живот им станувал поурамнотежен.

“На Западот му е потребно исто рестартирање како што имаше Русија за време на Путин. Потребно ни е ресетирање кон верата и традицијата. Ние сме во фаза на будење на христијанството повеќе од 50 години и народот не сака да биде дел од тоа. Видов некои свештеници во нашата земја како стануваат пристојни традиционални свештеници во рок од само две години. Кога нивниот начин на размислување се промени, црквите им беа полни со луѓе”, рекол тој.

Бидејќи драстични промени во холандското општество во врска со религијата веќе се случуваат, за некои е пресудно прашањето што ќе се случи со оние верски објекти ширум земјата кои завршуваат во рацете на приватни и корпоративни купувачи. Иако изгледа дека за повеќето од жителите на Холандија тоа е во ред, конзервативците, како Звицер, се песимистични во поглед на претворањето на катедралите во станови.

“Црквата не е изградена за тоа да се живее во неа, архитектурата е поинаква, прилагодена е на јавната сфера. Идејата за различни приватни и јавни сфери не е либерална, туку христијанска, но модерните луѓе живеат било каде”, вели Звицер.

Според истражувањата, од 1200 година Холанѓаните изградиле повеќе од 19.000 цркви, а од 2018-та овој број паднал на 6.536. Се очекува дека до 2025-та во Холандија ќе останат отворени само 1.900 верски објекти.