Купи куќа, добиј виза за Европа!

околку инвестирате 250.000 евра во стан или куќа во Грција, добивате европска виза за престој, или како што се нарекува, „Златна виза“. Ваквата програма на Грција е многу критикувана од страна на ЕУ.

Можноста да добијат златна виза ја користат многумина. Недвижности во Грција купуваат пред се’ Кинезите.

Јоргос Блетас, агент за недвижнoсти, вели:

„Клиентите што ги имаме обично се од кинеската средна класа што брзо се развива. Тие доаѓаат тука затоа што сакаат да си обезбедат иднина во Европа. Сакаат на своите деца да им дадат можност да живеат тука, сакаат да си дадат можност да се повлечат овде по пензионирањето.“

Грција во последните пет години има издадено 6.000 златни визи на кинески граѓани. Од почетокот на програмата, во земјата се влеаја околу 2 милијарди евра.

ИЗВОР: ДОЈЧЕ ВЕЛЕ