Србија е најмоќната воена сила во регионот

Организацијата Глобал фајрпауер ја објави листата за 2021 година на државите рангирани по воената сила. Според таа листа, Србија е најмоќната воена сила меѓу земјите на поранешна Југославија и на глобален план се наоѓа на 61 позиција со индекс од 1,0063. Македонија е најлоша од поранешните југословенски републики.

Босна и Херцеговина се најде на 121 место од 139 земји, со индекс на воена моќ од 4,0474, пренесува босански Кликс. Колку е индексот поголем, толку е земјата полошо рангирана.

Подобро рангирани од Бих се Албанија на 113 позиција, Словенија на 88 и Хрватска на 63 место. Полоши се Црна Гора на 123 и Македонија на 133 место во светот.

Како што можеше да се очекува, најмоќна воена сила во светот се Соединетите Американски Држави со индекс од 0,0718, а Русија е на второто место.

На третото место е Кина, на четврто Индија, а Јапонија е на петтата позиција.

Најмоќна европска воена сила е Франција (7 место), а ја следат Британија (8 место), Турција, која е 11 на листата, Италија на 12 и Германија на 15 место.

Листата е креирана врз основа на повеќе од 50 фактори за одредување на индексот на воената моќ (PwrIndx).

Тие фактори ги вклучуваат конкретните воени сили, како бројот на војници, авиони, тенкови, потоа финансиската моќ на државата и трошењето во воени цели, потоа логистичките капацитети, географската позиција и други.

ФОТО: РОЈТЕРС