Малата Џалиса Лазал била киднапирана од семејната куќа во Луизијана, САД, во неделата меѓу 13 и 14 часот, а полицијата, апелирајќи дека девојчето е во опасност, објавила дека последен пат била видена како влегува во сив Нисан Алтима.

Автомобилот што одговарал на тој опис го забележале двајцата чистачи, Дион Мерик и Брендон Антоан, за време на нивната обиколка, среде поле недалеку од градот.

„Како да ми рече нешто … Се прашував што прави болидот среде полето“, коментира Дион Мерик.

Дион и Брендон брзо се решиле да го блокираат излезот на возачот и веднаш повикале полиција која го спасила девојчето и го уапсила киднаперот.

“Го блокирав со камион за да не може да излезе. Сега е безбедна”, рече Мерик.

Според Lad Bible, киднаперот се вика Мајкл Сереал, а тој наводно е познаник на некои членови на семејството на девојчето.

Претходно бил уапсен за сексуално злоставување на малолетничка.