Од денес за влез во Германија потребен е задолжителен негативен ПЦР тест

Од денес (24 јануари), за влез во Германија задолжителен е негативен ПЦР тест за коронавирус.

Патниците, без оглед на националноста, на возраст над шест години, кои престојувале во област со голема инциденца во последните 10 дена пред да влезат во Германија, мора да имаат доказ за негативен тест SARS-CoV-2 (PCR тест) веднаш штом влезат во Германија.

Тестот не смее да биде постар од 48 часа пред да влезете во Германија (се пресметува времето на земање брис). Доказ за резултатот од тестот мора да биде презентиран на хартија или во електронски документ на германски, англиски или француски јазик. Резултатот од тестот мора да се чува најмалку десет дена по влегувањето во Германија.

Македонија е назначена како ризично подрачје во однос на Ковид-19, стои на веб страната на германската амбасада.