Закани во автобус на ЈСП по опомена да стават маски: „Ќе сечам глави и ќе ве ставам во киселина“, вие сте неверници ние сме верници (ВИДЕО)

Две лица, патници во автобус на ЈСП се возеле без маски, а кога добиле опомени од останатите патници почнале да се однесуваат агресивно. За време на инцидентот тие се закануваат дека останатите патници не знаат со кого си имаат работа, како и дека ќе ги заколат, ќе сечат глави и ќе ги стават во киселина, објави порталот МКД.мк.

„Ќе треба на некого главата да му ја сечам. Не се занесувајте. Ќе те носам и во киселина ќе те ставам. Ти не знаеш со кого си имаш работа. Што ако не е станица, овде јас кажувам. Ние сме верници, вие сте неверници и не знаете со кого имате работа”, зборуваат на видеото објавено на социјалните мрежи двете лица.

На видеото се гледа како едниот од нив удира по држачите во автобусот и прашува дали овој шоферот има станица, на што останатите патници му укажуваат дека автобусот ќе застане на станица.

Но, на тоа тој возвраќа дека и државата и полицијата ќе работат за него и тој тука кажувал кој каде треба да застане.

„Има станица или нема овој шофер. И држават и полиција ќе работат за мене. Не знаеш ти со кого имаш работа. Ако не е станица, јас овде кажувам“, се заканува еден од пријавените.

Од МВР за МКД.мк потврдија дека настанот кај нив е пријавен и дека се работи на расчистување по што ќе бидат споделени официјални детали со јавноста.

Според за сега неофицијалните информации двете лица кои се закануваат ја нападнале и девојката кога ги снимала и го обелодени заканувањето кон патниците.