Величенствена сцена: Погледнете како блесна главниот храм на руската војска за Божиќ

Овој Божиќ ќе влезе во историјата на руската војска – оваа година, големиот Христијански празник за првпат беше дочекан во Главниот храм на Вооружените сили во паркот „Патриот“.

На Божиќната литургија, покрај војниците и офицерите присуствуваше и највисокото раководство на Министерството за одбрана на Русија, а меѓу нив беше и министерот за одбрана, Сергеј Шојгу.

Да потсетиме, Главниот храм на Вооружените сили на Русија беше отворен на 9-ти мај во чест на 75-годишнината од победата над Нацистите во Втората светска војна, а храмот е посветен на руските војници.