Тузланскиот муфтија

Ова е Мухамед Шефкет Курт или попознат како Тузланскиот муфтија!
Зошто???
Муфтијата далечната 1942г, на дента пред Божиќ дошол на намаз како и обично, меѓутоа некој од џемаатот по обредот го сочекал и му кажал дека соработниците на Фашистичкиот окупатор планира утре за време на праволсавниот обред да ја крене во вис црквата односно храмот каде православните ќе го чествуваат својот ден и потоа заедно со Еврејското малцинство протераат од Тузла засекогаш.
Ефенди Шефкет веднаш побарал прием кај тогашниот полковник на Фашистичкиот окупатор есесовецот извесен полковник Вист.
На приемот децидно кажал следно:
-Ако тоа се случи утре, јас фрлам фес и заедно со сите Муслимани одам во шума до конечно ослободување на Тузла.
Настанот бил спречен Православните го одбележиле својот ден на достоен начин.
Во 1963г. Муфтијата починал.
На инсистирање на Православниот свештеник прота Јовановиќ одобрено му е лично протата да го пречека табутот со неговото тело и лично тој да го положи телото во вечното почивалиште на Муфтијата.
На настанот за него се молеле заедно Муслимани и Православни со солзи за големата загуба.
Меша Селимовиќ, Муфтијата го вреднува како нај храбар човек кого го познавал и го опишува како голем човек со огромно срце.
Ова не прашувајте како го знам…
Затоа што ќе ви кажам дека беше личен пријател на моето семејство и заради тоа се гордеам.
Ви благодарам за вниманието мислев дека е вреден за помен токму денес на овој ден тој и неговото дело.
Можело и вака нели?
Поздрав од мене до сите вас.

фб статус на Ерол Одисеа