Феномен на природата: Чудесно дрво кое живее против сите правила (ФОТО)

Иако го нарекуваат Дрво на животот, најчесто прашање поврзано со ова дрво е: како воопшто е сè уште живо?

Замислете како се наоѓате на бескрајна песочна плажа и гледате во хоризонтот, во Тихиот океан. Сами сте и речиси и да нема луѓе, можеби само некој кој го шета своето куче или заљубен пар кој оди на нивната романтична прошетка. Зад вас се само карпи покриени со шума и еден мистериозен премин кој е премногу мрачен за да видите што има во него.

Над преминот, едно дрво ги поврзува двете карпи со своите корени и истовремено формира кров над преминот. Токму тоа можете да го доживеете на брегот на американскиот северозапад, познат по својата атракција која е поубава и од самиот океан – Дрвото на животот.

Ако патот ве однесе „преку барата“, запомнете ја оваа дестинација на север, недалеку од границата со Канада. Дрвото на животот се наоѓа во сојузната држава Вашингтон, во т.н. Олимписки национален парк.

Иако го нарекуваат Дрво на животот, најчесто прашање поврзано со ова дрво е: како воопшто е сè уште живо? Имено, дрвото наликува на човек кој некој го одделил од тлото под нозете, при што секоја нога отишла на своја страна, во „шпага“. Така и ова дрво виси во воздухот со помош на своите корени.

Го нарекуваат уште и „Калалоч“ дрво, а станува збор за еден вид смрека.

Неговите обожаватели го посетуваат секоја година за да видат дали тоа сè уште се држи и, на нивно изненадување – секоја година повторно ги пречекува на истото место. Единствената разлика е во тоа што секоја година, поради својата тежина, пропаѓа за неколку центиметри. Еден пар верно го посетува дрвото секоја година, веќе 17 години по ред.

А што е со оној премин кој го споменавме на почетокот? Внатре се наоѓа мала пештера во карпата од која извира вода што се слева во океанот. Пацифичкиот брег е познат по своите прекрасни зајдисонца, што е само уште една причина за посета.